
Босна и Херцеговина · Сараево, Мостар и Златибор
Сараево, Мостар и Златибор
Опис
Четиридневно патување низ Сараево, Мостар и Златибор, со спој на историја, традиционална архитектура, локална култура и есенски пејзажи. Цена со рана уплата до 30.09.2026: 109 € Редовна цена: 125 € Поаѓање од: Малешевија, Виница, Кочани, Штип, Св. Николе и Скопје.
Во цената е вклучено
Автобуски превоз на наведената релација Две ноќевања со појадок во хотел со 3* Организиран разглед на Сараево со локален водич Придружник на групата Организација на патувањето
Во цената не е вклучено
Патничко здравствено осигурување Туристичка такса Посета на Јабланица и Мостар со локален водич – 40 € Посета и прошетка низ Златибор – 20 € Оваа доплата е задолжителна за сите патници. Организирана вечера во ресторан со музика Индивидуални трошоци
План за патувањето
Прв ден – 09.10.2026 | Македонија – Сараево Поаѓање во вечерните часови од договорените градови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Втор ден – 10.10.2026 | Сараево Пристигнување во Сараево во утринските часови. Организиран разглед со локален водич: Градската куќа Латинскиот мост Казанџилук Катедралата „Срце Исусово“ Соборниот храм Гази Хусрев-беговата џамија Царевата џамија Башчаршија Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Сместување во хотелот и ноќевање. Трет ден – 11.10.2026 | Сараево – Јабланица – Мостар – Сараево Појадок. Факултативно поаѓање кон Јабланица и посета на местото поврзано со Битката на Неретва и урнатиот мост. Продолжуваме кон Мостар, со разглед на Стариот мост, улицата Кујунџилук, занаетчиските дуќани и градбите од османлискиот период. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Враќање во Сараево. Можност за организирана вечера во ресторан со музика. Ноќевање. Четврти ден – 12.10.2026 | Сараево – Златибор – Македонија Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Златибор. Прошетка низ центарот и околу три часа слободно време. Поаѓање кон Македонија со попатни паузи и гранични формалности. Пристигнување во раните утрински часови следниот ден. Попуст за деца Дете од 2 до 10 години во 1/3 соба со две возрасни лица: 50% попуст Лицата постари од 10 години плаќаат цена за возрасни Важни напомени За реализација се потребни најмалку 45 патници. Уплатата се врши во денарска противвредност по курс од 1 € = 62 денари. Пасошот треба да важи најмалку шест месеци по завршувањето на патувањето. Избор на одредено седиште во автобусот е возможен со доплата од 20 €. Времето и редоследот на посетите може да се изменат поради објективни околности.