Поклоничко патување – Јаши и Букурешт

Романија · Јаши и Букурешт

Поклоничко патување – Јаши и Букурешт

Опис

Четиридневно поклоничко патување низ Романија со посета на Букурешт, Јаши, моштите на Света Петка и манастирите Њамц, Агапија и Варатец. Во цената се вклучени автобуски превоз, две ноќевања со појадок, туристички придружник и организирани разгледи.

Во цената е вклучено

Автобуски превоз на наведените релации Две ноќевања во хотел во Јаши Два појадока Туристички придружник за време на патувањето Организирани разгледи според програмата Посета на Букурешт и Јаши Посета на манастирите Њамц, Агапија и Варатец

Во цената не е вклучено

Патничко и здравствено осигурување Влезници за објекти што се наплаќаат Локални туристички водичи, доколку се потребни Лични и индивидуални трошоци Храна и пијалаци што не се наведени во програмата Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на посетите поради работно време, верски служби, сообраќајни услови или други објективни околности, без притоа да се намали содржината на програмата.

План за патувањето

ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ – ЈАШИ И БУКУРЕШТ Прв ден – 22 октомври Поаѓање од Македонија во попладневните часови. Ноќно патување преку Бугарија кон Романија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Втор ден – 23 октомври Пристигнување во Букурешт во утринските часови. Панорамски разглед на романската престолнина и организирана прошетка низ стариот дел на градот. Предвидено е слободно време за индивидуални активности, кафе-пауза и ручек. Во договореното време продолжување кон Јаши. Патувањето трае околу шест часа, со предвидени паузи. Пристигнување во Јаши, сместување во хотел и ноќевање. Трет ден – 24 октомври Појадок во хотел. Посета и разглед на Јаши, еден од најзначајните културни и духовни центри во Романија. Посета на Соборниот храм на Митрополијата на Молдавија и Буковина и поклонение пред моштите на Света Петка. Продолжување кон познатите манастири во областа Молдавија: Манастир Њамц – еден од најстарите и најзначајни православни манастири во Романија, познат како „романски православен Ерусалим“. Манастир Агапија – женски манастир познат по својата духовна традиција, архитектура и живопис. Манастир Варатец – еден од најголемите женски манастири во Романија, сместен во прекрасна природна околина. По завршувањето на посетите, враќање во Јаши. Слободно време и ноќевање. Четврти ден – 25 октомври Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање кон Македонија. Дневно и ноќно патување со попатни паузи и гранични формалности. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови или рано следното утро, во зависност од условите на патот и задржувањата на граничните премини.