Копенхаген и Скандинавија

Данска · Копенхаген

Копенхаген и Скандинавија

Опис

Столицата на данскиот шарм — откријте ја магијата на Скандинавија (Шведска и Данска). Незаборавна северна авантура! Организирано патување со Т.А. Маршал Травел – Андон Компани. 📅 Термин 1: 5–8 септември 2026 📅 Термин 2: 10–13 октомври 2026 Вклучено: Копенхаген, Мalmö — модерен град со скандинавски дух, незаборавни предели, култура и уметност. 💶 Промотивна цена: 599 EUR / лице (плаќање на рати) 💶 Редовна цена: 659 EUR / лице Организирано и поддржано патување — автобуски превоз, сместување, поддршка 24/7. Резервации: 071 373 412

Во цената е вклучено

Автобуски превоз Сместување Поддршка 24/7 Организација и придружник

Во цената не е вклучено

Лични трошоци Факултативни излети Влезници за музеи

План за патувањето

Програма на патувањето: 1 Ден – СКОПЈЕ – МАЛМЕ Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 3.30ч. Директен лет за Малме вo 05.45ч. (2.40мин). Пристигнување во Малме во 08.25ч. Трансфер до хотел. Разглед на Малме со локален водич. Денес во Малме успешно се спојуваат традицијата и современиот начин на живот. Црквата Св.Петар една од најстарите градби во Малмe, Малиот плоштад со многу шарм и убавина, Густав Адолф плоштадот, Градската библиотека, замокот Малмохус. Слободно време за индивидуални посети на многубројните музеи, галерии и време за шопинг. Враќање во хотел. Ноќевање. 2 ден – Копенхаген Целодневна екскурзија во во соседната земја Данска, преку мостот Оресунд, најдолгиот комбиниран мост-тунел во Европа. После 1.10 мин пристигнување и разглед на Копенхаген. Организиран разглед на градот со локален водич. Палатата Амалиенборг, резиденција на Данските Кралеви, Градското собрание, Парламентот на Данска во Палатата Кристијансборг, Операта, Кралската библиотека, Дворецот Розенборг, симболот на градот “Малата сирена”( факултативно бродска тура 15-20 Евра), создадена според истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен. Пауза за ручек и слободни активности. Враќање во хотел. Ноќевање. 3 ден – Слободен ден / Шопинг Можност за посета на Emporia Shopping Mall Слободни активности по избор во Маме 4 ден – Полетување од Малме: 09:10. Појадок и одјава од хотел, трансфер до аеродром.Пристигнување во Скопје: 11:50 Сместување: Ноќевањата се во хотел во Малме на база ноќевање со појадок.