
Грција, Турција · Грчки острови и Кушадаси
Крстарење по грчките острови и Кушадаси, ГРЦИЈА
Опис
Подетални информации за целокупното патување ТЕРМИНИ ВНАТРЕШНИ КАБИНИ НАДВОРЕШНИ КАБИНИ Мај 08,15,22, 29 249 € 319€ Јуни 05,12,19,26 249€ 319€ Јули 03,10,17, 24, 31 399€ -549€ 499€-599€ Август 07,14, 21,28 429€ -549€ 539€ -789€ Септември 04,11,18,,25 549€ -719€ 699€ -929€ Легенда: IA – внатрешна кабина на палубата A ; IB – внатрешна кабина на B палуба; IC – внатрешна кабина на C палубаi; XA – прозорска кабина на A палуба; XBO – прозорска кабина на B палуба со делумно со делумно скриен поглед; XB – прозорска кабина на B палуба; XC – XBO – прозорска кабина на C палуба;SBJ – џуниор апартман со балкон ; S – апартман со прозор; SB – апартман со балкон; SG – гранд апартман со џакузи на балкон ДОПЛАТИ 3. и 4. Кревет за возрасни лица во иста кабина на барање / цена по расположливост Деца од 2 до 11,99 год со 2 возрасни на барање / цена по расположливост Бебе од 3 месеци до 2 години 129€ Еднокреветна 1/1 внатрешна и прозорска кабина – доплата 50% Цените од табелите се по лице, се изразени во евра за уплата во денарска противвредност( 1 Еур=62 мкд), за сместување во двокреветна кабина. # Факултативни екскурзии ## 🇬🇷 Миконос * **Миконоска вечера** – **93 €** за возрасни / **67 €** за деца * **Панорамска тура низ Миконос, Хора и Мала Венеција** – **82 €** за возрасни / **65 €** за деца --- ## 🇹🇷 Кушадаси * **Куќата на Богородица и антички Ефес** – **116 €** за возрасни / **72 €** за деца * **Антички Ефес низ хеленистичкиот и римскиот период** – **101 €** за возрасни / **66 €** за деца * **По стапките на легендите** – **116 €** за возрасни / **72 €** за деца * **Антички Ефес и Куќите на терасите** – **116 €** за возрасни / **72 €** за деца * **Античките цивилизации со стручен археолог** – **162 €** за возрасни --- ## 🇬🇷 Патмос * **Посета на манастирот „Св. Јован Богослов“ и Пештерата на Апокалипсата** – **82 €** за возрасни / **65 €** за деца * **Панорамска тура низ Хора и Пештерата на Апокалипсата** – **82 €** за возрасни / **65 €** за деца * **Традиционална патмоска вечера** – **се резервира и плаќа на брод** * **Откријте го вистинскиот дух на Хора** – **86 €** за возрасни / **65 €** за деца --- ## 🇬🇷 Санторини * **Посета на живописното село Оја на работ од калдерата** – **86 €** за возрасни / **65 €** за деца * **Вечерна посета на Оја** – **86 €** за возрасни / **65 €** за деца * **Крстарење до вулканските островчиња на Санторини** – **86 €** за возрасни / **65 €** за деца * **Најубавото од Санторини** – **102 €** за возрасни / **75 €** за деца * **Археолошкиот локалитет Акротири** – **100 €** за возрасни / **75 €** за деца * **Музика, митови и историја на Санторини** – **135 €** за возрасни --- ## 🇬🇷 Атина * **Храмот на Посејдон и ртот Сунион** – **110 €** за возрасни / **92 €** за деца * **Знаменитостите на Атина и Новиот музеј на Акропол** – **102 €** за возрасни / **70 €** за деца 📌 Напомена * Цените се изразени **по лице**. * **SOB (Sold on Board)** означува дека екскурзијата **се резервира и се плаќа директно на бродот**. * Факултативните екскурзии се организираат од страна на компанијата за крстарење и нивната достапност може да зависи од бројот на пријавени патници.
Во цената е вклучено
Сместување во кабина по избор на новиот брод Celestyal Discovery Пристанишни и останати такси Бакшиш Полн пансион (појадок, ручек и вечера) Селектирани пијалоци вклучени за време на оброците во главниот ресторан (не важи во специјализираните ресторани) Дневни и вечерни активности, анимација и забавна програма на бродот Попуст од 75 € по лице за факултативни екскурзии (со претходна резервација пред поаѓање) Бесплатен Basic Wi-Fi (овозможува основно пребарување на интернет, користење е-пошта и апликации за пораки. За користење на социјални мрежи и стриминг услуги потребна е надградба, достапна на бродот.)
План за патувањето
План за патувањето 1.ДЕН АТИНА – МИКОНОС Влез на бродот Celestyal Discovery каде што започнува вашата авантура со крстарење со грчкиот архипелаг. Во 13 часот поаѓање за Миконос, пристигнување во 18 часот. Опуштете се на бродот со ручек, лежалки покрај базенот и подгответе се за лудота забава што ве очекува во Миконос. Миконос е модерно летувалиште и еден од најпопуларните грчки острови. Декориран е со традиционални грчки бели фасади, многу ветерници во контраст со морското синило. Овде ќе најдете мноштво барови, ресторани, традиционални грчки таверни, елегантни бутици и луксузни хотели скриени во кривулестите улици. Станува збор за остров кој стана омилена дестинација на џет сетот. Најпрепознатливиот дел на Миконос се вика Мала Венеција, со куќи со живописни фасади и шарени балкони. Слободно време. Поаѓање на бродот во 23:00 часот. Ноќевање на брод со пловење кон Турција. 2.ДЕН КУШАДАСИ – ПАТМОС Наутро се будите во Кушадаси, најпопуларното летувалиште на турскиот брег на Егејското Море. Главен украс на овој прекрасен и чист град се прекрасните песочни плажи кои привлекуваат туристи од целиот свет. Во архитектурата на местото доминираат европскиот и медитеранскиот стил, па само егзотичните мириси на одличните локални кулинарски специјалитети ве потсетуваат на класичниот Ориент. Тргнување на бродот од Кушадаси во 13:00 часот. Ручек на бродот и слободно време за одмор до пловењето до Патмос – еден од најмалите грчки острови во Егејското Море, кој е украсен со прекрасни плажи, луксузни вили и манастирот Св.Јован Благослов, кој порано бил моќна тврдина против пиратите, а денес е познат како религиозен храм со една од највредните манастирски библиотеки во светот. Слободно време. Поаѓање на бродот од Патмос во 21:30 часот. Ноќевање на бродот 3.ДЕН КРИТ (ХЕРАКЛИОН) – САНТОРИНИ Наутро пристигнуваме во 07 часот на Крит, островот познат уште од античко време како вистински бисер на Медитеранот. Прекрасни плажи, кристално чисто море, маслинови градини, планини, клисури, пештери и висорамнини нудат за секого по нешто, од активни одмори до екскурзии, разгледување знаменитости и спортски активности. Крит е остров на контрасти, каде модерните туристички понуди постојано се испреплетуваат со бесмртна традиција и историја. Хераклион е главен град на Крит и четврти по големина град во Грција. Овде ќе го најдете Археолошкиот музеј со репрезентативни примери на минојската култура и прекрасната катедрала Агиос Минас, која може да прими до 8.000 луѓе и има одлична акустика. Слободно време до поаѓање на бродот во 12:00 часот. Ручек и одмор на бродот. Во 16:30 часот, пловење кон Санторини – еден од најубавите бисери меѓу грчките острови, кој настанал како резултат на вулканска ерупција и го создал митот за изгубениот град Атлантида, кој можеби се наоѓа токму овде. Впечатокот што го остава прекрасниот вулкански регион го надополнуваат љубезноста на домаќините, бројните плажи со црн вулкански песок покрај чистото Егејско Море и селата изградени на стрмни клисури со бело-сини куќи карактеристични за кикладската архитектура.. Слободно време. Поаѓање на бродот во 21:30 часот. Ноќевање. 4.ДЕН АТИНА По неколку прекрасни денови пловење се враќаме на пристаништето Лаврион Атина. Напуштање на бродот во 06 часот наутро .