Истанбул во есен

Турција · Истанбул

Истанбул во есен

Опис

Посетете го Истанбул и откријте ги неговите историски знаменитости, живописни населби, ориентални пазари и погледите кон Босфорот. Цена со рана уплата до 15.09.2026: 119 € Редовна цена: 149 € Поаѓање од: Малешевија, Виница, Кочани, Штип, Св. Николе и Скопје.

Во цената е вклучено

Автобуски превоз Македонија – Истанбул – Македонија Две ноќевања со појадок во хотел со 3* во Аксарај или Лалели Пешачки разглед на историскиот дел на Истанбул со лиценциран водич Посета на трговскиот центар „Форум Истанбул“ Туристички придружник Организација на патувањето

Во цената не е вклучено

Задолжително патничко осигурување – 350 денари Туристичка такса – 1 € по лице, за секој ден Доплата за еднокреветна соба – 50 € Избор на одредено седиште во автобусот – 20 € Индивидуални трошоци Факултативни посети Крстарење по Босфорот – 20 € Панорамски разглед на европскиот и азискиот дел, Чамлиџа и Големата џамија – 25 € Ноќен Истанбул: Таксим, Истиклал, Галата и Ортакој – 20 € Балат и Вселенската патријаршија – 10 € Посетата на Балат е задолжителна. Пакет со сите факултативни посети – 70 €

План за патувањето

Прв ден – 22.10.2026 | Македонија – Истанбул Состанок со групата и поаѓање кон Истанбул во попладневните часови. Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и гранични формалности. Втор ден – 23.10.2026 | Историски Истанбул Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместувањето во хотелот се врши во зависност од расположливоста на собите и хотелските правила. Организиран пешачки разглед со локален водич низ историскиот дел: Аксарај, Капали чаршија, Хиподромот, Аја Софија, палатата Топкапи и Сината џамија. Во попладневните часови можност за факултативна посета на плоштадот Таксим, улицата Истиклал, Галата и населбата Ортакој. Враќање во хотелот и ноќевање. Трет ден – 24.10.2026 | Босфор и азискиот дел Појадок. Посета на традиционална продавница за турски слатки, локум, баклава и други локални производи. Можност за факултативно 90-минутно крстарење по Босфорот. Потоа следува факултативен панорамски разглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул, со посета на Големата џамија Чамлиџа и видиковецот Чамлиџа. Враќање во хотелот и ноќевање. Четврти ден – 25.10.2026 | Балат – Форум Истанбул – Македонија Појадок и одјавување од хотелот. Задолжителна факултативна посета на живописната населба Балат и Вселенската патријаршија. Продолжуваме кон трговскиот центар „Форум Истанбул“, каде се предвидени околу три часа слободно време. Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Ноќно патување со попатни паузи и гранични формалности. Пристигнување во Македонија во утринските часови следниот ден. Попусти за деца Деца до 3 години: бесплатно, без посебен кревет Деца од 3 до 10 години: 85 €, кога патуваат со две возрасни лица Важни напомени За реализација на патувањето се потребни најмалку 40 патници. Хотелот се одредува неколку дена пред поаѓањето. За влез во Турција е потребен пасош со соодветна важност; се препорачува да важи најмалку шест месеци. Патниците треба да достават копија од пасошот и телефонски број при резервацијата. Редоследот на посетите може да се измени поради објективни околности.