
Malta · Malta
Christmas Market in Malta
Description
Christmas Market in Malta December 4–7, 2026 | 4 days / 3 nights Discover Malta in its festive attire. Stroll through the decorated streets of Valletta, explore historic Mdina, and visit the island of Gozo. Early bird price (until October 20, 2026): €329 Regular price: €359
Included in the price
Повратен авионски превоз Скопје – Малта – Скопје Аеродромски такси Багаж со димензии 40 × 30 × 20 cm, до 8 kg Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта Три ноќевања со појадок Организација и водство на аранжманот Придружник од агенцијата за време на патувањето
Not included in the price
Влезници за културно-историските локалитети и музеи Доплата за дополнителен багаж Патничко осигурување Туристичка такса од 750 денари, која се плаќа во агенцијата Факултативна посета на селото Попај – 50 € Индивидуални трошоци
Itinerary
Прв ден – 04.12.2026 | Скопје – Малта Состанок на групата на Меѓународниот аеродром Скопје во 10:30 часот. Полетување во 12:45 часот и пристигнување во Малта во 14:35 часот. Организиран трансфер до хотелот и сместување. Во вечерните часови предлагаме прошетка низ празнично украсената Валета. Слободно време за посета на божиќните штандови, прошетка и индивидуални активности. Ноќевање. Втор ден – 05.12.2026 | Мдина и Валета Појадок. Посета на Мдина, поранешната престолнина на Малта, позната како „Тивкиот град“. Прошетка низ тесните улици и запознавање со нејзината норманска и барокна архитектура. Продолжуваме кон Валета, историски град под заштита на УНЕСКО. За време на посетата ќе ги видиме Ко-катедралата „Св. Јован“, Палатата Кастиљ, Палатата на Големиот мајстор и градските утврдувања. Враќање во хотелот и ноќевање. Трет ден – 06.12.2026 | Гозо Појадок. Целодневна посета на Гозо, вториот по големина остров во Малтешкиот Архипелаг. Запознавање со природните убавини и историското наследство на островот, вклучувајќи ги храмовите Џгантија и археолошките локалитети од неолитскиот период. Враќање во хотелот во попладневните часови. Ноќевање. Четврти ден – 07.12.2026 | Малта – Скопје Појадок и слободно време за индивидуални активности. Можност за факултативна посета на селото Попај со организиран трансфер и влезница – 50 € по лице. Трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 20:25 часот и пристигнување во 22:10 часот. Важни напомени За реализација на патувањето се потребни најмалку 20 патници. Факултативните посети се реализираат со најмалку 15 пријавени патници. Уплатата се врши во денарска противвредност по курс од 1 € = 62 денари. Пасошот треба да важи најмалку шест месеци по датумот на враќање. Редоследот на посетите може да биде изменет поради објективни околности.